Џејлин Билингсли МВП на 16. коло во Суперлигата

Кошаркарот на Чаир 2030, Џејлин Билингсли е најкорисниот кошаркар на 16. коло во Суперлигата. Американецот го предводеше својот тим до важна победа над Кожув.

Реализираше 26 поени (4/6 во обидите за три поени, 5/6 за два и максимални 4/4 од линијата за слободни фрлања). Покрај тоа додаде и седум скокови, три  украдени топки и по еден блок и асистенција за индекс на корисност од 34.

Покрај него во петорката на колото се најдоа и: Џавон Грин, Мухамед Тачи, Тери Армстронг и Роберт Рикиќ.

Се вчитува...