Пеналот за Македонија е главна тема во англиската јавност на полувремето од мечот во Скопје, а поранешниот репрезентативец Џејми Карагер, сега ТВ-аналитичар на „островот“ ја критикуваше одлуката на арбитрите.
Според екс-фудбалерот на Ливерпул, многу пореално било да се досуди пенал за првиот старт на Мегваер над Елмас отколку за случајниот удар на Рико Луис во главата на Миовски.
„Бизарни се овие ВАР пенали што се судат во Европа. Уште побизарно е што не го досудија оној од Мегваер“, напиша Каракгер на својот твитер-профил.
Bizarre these VAR penalties that get given in Europe 🤷♂️
What’s more bizarre is they didn’t give the one against Maguire 😂😂
— Jamie Carragher (@Carra23) November 20, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА