Братот на Енди Мареј, Џејми е елиминиран во второто коло на Вимблдон, во игра на двојки откако со својот партнер Нил Скупски загубија од Додиг и Полашек со 3-2 (2-6, 7-6, 3-6, 6-1 и 6-4). Интересна е информација која вели дека Џејми не сакал да се пријави со неговиот брат Енди во двојки на Вимблдон, бидејќи така ќе му се намалиле шансите за освојување на титулата.
За разлика од него, Енди се уште е во главниот жреб, каде во второто коло со партнерот Ербер ќе играат против хрватската двојка Мектиќ и Шкугор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА