Напаѓачот Џејми Варди, кој минатата сезона блесна токму под раководство на Клаудио Раниери, е најголемиот заговорник за заминувањето на италијанскиот стратег од кормилото на се уште актуелниот англиски првак Лестер. Заминувањето на Раниери предизвика голема бура во фудбалскиот свет, а полека се откриваат и деталите за неговото заминување. Фудбалерите сакале тој да си замине, а четворица од нив бил најгласни во прозивките.
Варди, заедно со голманот Каспер Шмајхел, дефанзивецот Вес Морган и играчот за врска Марк Олбрајтон, биле на средба со првиот човек на Лестер, Вишаи Шривадханапраба, барајќи да му биде даден отказ на менаџерот Клаудио Раниери. Како причина е наведена презаситеноста и летаргијата што го зафатила тимот, а Раниери не бил веќе способен да ја менаџира.
Овие четворица фудбалери во декември имале состанок со директорот за фудбалски операвии во клубот, Џон Рудкин, веднаш по поразот од Хал сити. Но, раководството му даде уште една шанса на Клаудио Раниери. Сепак, незадоволството значително се зголемило по последните лоши игри, а поразот од Севилја во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите ја прелило чашата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА