Џејми Варди мета на крадци во Италија, го ограбиле за 90.000 евра

Легендарниот англиски фудбалер Џејми Варди, после 13 години го напушти Лестер и се пресели во Италија. Стана напаѓач на Кремонезе, новиот член на Серија „А“. За тој клуб постигна два гола во осум насапи.

Меѓутоа во текот на последниот меч против Рома на гости, се соочил со непријатност. Ограбувачи му влегле во неговата вила на езерото Гарда, и го ограбиле. Варди ја купил вилата за нешто од два милиони евра. Живее таму со сопругата и со неговите три деца.

Крадците влегле во вилата преку прозор, и ја ограбиле во миговите кога играчот бил на гостување во Рим. Му биле украдени часовник, накит, пари и други вредни предмети со вредност од вкупно 90.000 евра.

„Имаме снимки од надзорните камери на кои се види како ограбувачите влегуваат низ прозор кој бил оставен отворен. Во куќата биле неколку минути пред да побегнат со неколку вредни предмети. Во тој момент во куќата имало жена, и тоа бејбиситерката на Варди. Кражбата ја откриле пријатели на Варди кога се вратиле дома и виделе работи расфрлани по подот“, изјави Џакомо Тесароло, главниот на „карабинерите“ во таа област.

Се вчитува...