Помошнио тренер на Комо и легендарен шпански фудбалер, Цеск Фабрегас, ги демантираше гласините дека англискиот напаѓач Џејми Варди би можел да потпише договор со новиот член на италијанската Серија А.
Комо натпреварувањето во второлигашкиот караван го заврши на втората позиција со три бода помалку од Парма и заедно со „млекарите“ обезбеди пласман во елитното друштво.
„Варди не е мета на Комо за новата сезона. Ќе потпишеме играчи кои веруваат во нашиот проект и сакаат да играат овде. Ќе составиме конкурентен состав“, изјави поранешниот шпански репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА