Џејми Варди по 13 години заминува од Лестер!

Дојде крајот на една ера. Џејми Варди на лето ќе го напушти Лестер. Напаѓачот се реши на овој чекор по 13 години минати во дресот на „лисиците“. Се уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.

Лестер веќе испадна од Премиерлигата. На пет кола пред крајот веќе немаат ниту теоретски шанси да останат во најсилниот ранг на натпреварувањето.

Варди со години е симбол на Лестер. Со овој клуб го оствари можеби најголемото изненадување во историјата на спортот кога ја освоија Премиерлигата во 2016 година.

За Лестер одигра 435 натпревари и постигна 181 гол. Тој 26 пати го носеше дресот на репрезентацијата на Англија, а седум пати се запиша во листата на стрелците.

Се вчитува...