Легендата на Лестер Џејми Варди е многу блиску после долги години да го напушти клубот од Англија, и да се пресели во Италија. Иако беше поврзуван дури и со Наполи, сепак, некогашниот англиски репрезентативец е блиску да потпише со Кремонезе.
Кремонезе одлично ја стартуваше новата сезона со победа над Милан и тоа на „Сан Сиро“, и сега е на добар пат да го ангажира звучното име од Англија.
38-годишниот Варди претходно најави дека ќе си замине од Лестер, после 13 години. Тој беше прв стрелец на Премиерлигата во сензационалната сезона во која Лестер ја освои својата прва, и засега единствена титула во најелитната лига на Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

