Црвена Звезда продолжува со создавањето на моќен тим, откако шампионот на АБА-лигата комплетираше уште еден топ-трансфер. Од денеска нов член на „црвено-белите“ е крилниот центар на Панатинаикос, Џејмс Гист, кој го стави својот потпис со белградскиот клуб. Овој 32-годишен кошаркар е висок 207 сантиметри освои пет титули со ПАО, по што се реши новиот предизвик во кариерата да го побара токму во црвено-белиот дрес.
„Со големо задоволство можеме да го потврдиме трансферот на Џејмс Гист. Горди сме што толку големо име на европската клупска кошарка од самиот почеток на преговорите покажа голема желба да почне да го носи дресот на нашиот клуб“ – објави Црвена звезда преку клупско соопштение.
„Црвено-белите“ претходно ги ангажираа и Дерик Браун, Чарлс Џенкинс и Огњен Кузмиќ, а потпишани се нови договори со Лазиќ, Човиќ, Фаје, Перпероглу, Берон и Добриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА