Џејмс го стигна Лери Бирд по бројот на „трипл-дабл“ остварувања (Видео)

Леброн Џејмс со своите 25 поени, 12 асистенции и 12 скока ги предводеше „кавси“ до нова победа во сезоната, овојпат над Лос Анџелес лејкерс. „Кралот“ со остварувањето на новиот „трипл – дабл“ учинок се изедначи со легендата на Бостон селтикс Лери Бирд, сега и двајцата имаат по 59, а на вечната листа ја делат шестата, односно седмата позиција.

Во „топ 5“ на оваа листа остануваат Вилт Чемберлен (78), Расел Вестбрук засега е на 88, следуваат Џејсон Кид со 107, Меџик Џонсон со 138 и Оскар Робертсон со 181 „трипл-дабл“ остварување.

https://www.youtube.com/watch?v=B-ZR2d6N29E 

Се вчитува...