Џејмс Харден велзе во редот на играчи од НБА лигата кои во кариерата ја надминале границата од 20 000 поени. Тој е 45-от кошаркар со вакво постигнување во историјата на Лигата. Харден со овој резултат дојде откако постигна 32 поени во победата на Хјустон над Минесота од 139-109.
Ваквото постигнување сепак не предивика особено голема реакција кај „брадата“
„Ова е големо постигнување. Навистина е кул, но јас ја гледам пошироката слика, имам поголеми цели“ – изјави кратко Харден по натпреварот.
Харден е седмиот најмлади играч со ова постигнување.
Congrats to @JHarden13 of the @HoustonRockets for becoming the 45th player in @NBAHistory to score 20,000 career points! #OneMission pic.twitter.com/baYpaHhkJ3
— NBA (@NBA) January 11, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

