Џејмс Харден останува во Филаделфија и следната сезона

Џејмс Харден и во следната сезона ќе го носи дресот на Филаделфија, пренесуваат американските медиуми. Бекот кој претходната сезона ја започна во Бруклин, а ја заврши во „градот на братската љубов“ е подготвен и на „драстични“ мреки за освојување на шампионската титула.

Имено, очекувањата се Харден да потпише нов краток договор со кој ќе донесе финансиско олеснување на својот тим со цел да се придобијат подобри кошаркари. Притоа тој и Ембид ќе останат движечката сила на тимот кој не знае за титула уште од 1983 година.

Се вчитува...