Леброн Џејмс одново го стави своето име во рекордните записи на НБА – лигата. Во победата над Шарлот хорнетс (118-105), „кралот“ реализираше 41 поен, 10 скока и осум асистенции, и го одигра вкупно 866. натпревар во низа во кој постигнал двоцифрен број на поени.
Џејмс така се изедначи со легендарниот Мајкл Џордан, но посочи дека и да ги урне сите рекорди на неговиот идол, тој повторно нема да биде најдобриот на сите времиња. Според него, нема подобар играч во историјата на овој спорт, од поранешната „23-ка“ на Чикаго булс.
„Израмнувањето на овој рекорд пред се значи дека сум успеал да го одржам телото подготвено и во форма, за сите изминати години и овие 866 натпревари. Секогаш кога моето име ќе се спомене во ист контекст со Мајкл Џордан, значи дека се движам по вистинскиот пат и така сакам да продолжам. Како и да е, јас можам да уривам рекорди колку сакам, но, се знае кој е најдобриот кошаркар на сите времиња“, истакна предводникот на „коњаницата“, потенцирајќи дека не се појавил подобар кошаркар од Мајкл Џордан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА