Тој е голем работник, но никогаш не е во преден план. Џејмс Милнер е играчот што прави многу во тимот на Ливерпул, иако славата оваа сезона за себе ја имаат Мохамед Салах, Роберто Фирмино и Садио Мане. Сепак, и Милнер доби големо признание, тој е новиот „крал“ на асистенциите во Лигата на шампионите.
Играчот за врска на Ливерпул на синоќешниот меч против Рома ја реализира деветтата асистенција во ЛШ оваа сезона. За тоа му беа потребни 701 одиграни минути во елитното европско клупско натпреварување. Со тоа го надмина рекордот на Вејн Руни од дресот на Манчестер јунајтед во сезоната 2013/14, како и на Нејмар од минатата сезона во дресот на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА