Џејмс Милнер за историја – единствен со 23 сезони во Премиер-лигата

Џејмс Милнер се најде во стартниот состав на Брајтон на денешниот меч со Евертон, со што големиот ас испишаисторија како единствен што успеал да настапи во 23 различни сезони во Премиер-лигата.

Неговата авантура почна во дресот на Лидс каде одигра две сезони, по што играше во Астон Вила, Њукасл и Манчестер Сити… најдолг период мина во Ливерпул, дури осум сезони, пред минатото лето да се пресели во Брајтон.

Она што е уште поинтересно, Милнер има 38 години и е седум години постар од сегашниот менаџер на Брајтон, Фабијан Хирцелер. Германскиот страгег имал само девет години кога Милнер дебитираше во Премиер-лигата во 2002.

Се вчитува...