Панатинаикос и дефинитивно нема да биде новиот клуб на американскиот кошаркар Мајк Џејмс.
Атинскиот гигант веќе ја пополни бековската линија. Досега во преодниот рок се ангажирани Василис Толиопулос како домашен играч и Ти Џеј Шортс, а има и организатори на играта како Костас Слукас и Кендрик Нан.
Во таков систем, тешко е да се замисли доаѓањето на друга голема ѕвезда. На ова особено се осврна Мајк Џејмс кој директно ја отфрли можноста да се врати во клубот каде што веќе настапуваше.
„Дали би се вратил Панатинаикос во овој момент? Нема шанси. Дали сите на таа позиција сакаме да играме само по 12 минути? Сигурно не, благодарам“, изјави најдобриот стрелец во историјата на Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

