Феноменална завршница го одбележа натпреварот помеѓу Чикаго и ЛА Лејкерс во НБА лигата. Булс имаа негатива од 20 поени во последната четвртина, но успеаја да ја анулираат, а потоа и да стигнат до победа со тројка од половина терен во последната секунда.
Победата на Чикаго ја олесна и преискусниот Леброн Џејмс кој на нецели 10 секунди пред крајот на средбата загуби топка при изведување во својата половина, загубена топка која резултираше со тројка на противникот за водство. За овој потег превзема вина.
„Имавме добра позиција за победа… Ужасна загубена топка од мене. Имавме и недоразбирање на претходната акција. Ривс се обиде да не спаси со презначајни поени, но мораш и да симнеш капа на некој кој ќе постигне таков поен за победа од половина терен“, изјави Џејмс.
ABSOLUTE CINEMA type of game-ending between the Lakers and Bulls
pic.twitter.com/q9v7KU5uWX
— BasketNews (@BasketNews_com) March 28, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА