Џејсон Тејтум заработи тешка повреда

Актуелниот шампион во НБА лигата се соочува со елиминација, откако веќе има негатива од 3-1 во полуфиналната серија во Источната конференција против Њујорк никс.

Сепак, најголемиот удар не беше самиот резултат, туку повредата на Џејсон Тејтум на три минути пред крајот на натпреварот.

Тејтум ја повреди десната нога при обидот да дојде до една топка. Веднаш падна на подот од болки барајќи тајм-аут. Медицинскиот персонал на Бостон му дојде на помош, но тој не можеше да застане на нозе и со помош на тимот го напушти теренот. Потоа во инвалидска количка го однесоа во соблекувалната.

Тренерот на Селтикс Џо Мазула по натпреварот изјави дека се уште нема детали за повредата:

„Тој ќе оди на магнетна резонанца утре, па ќе знаеме повеќе“, рече Мазула, а беше објавено и дека Тејтум можеби ја скинал Ахилова тетива, што може да значи долго време надвор од терените.

Се вчитува...