Управата на Лајпциг заврши голема работа постигнувајќи договор со ПСЖ за целосен откуп на договорот на Чави Симонс. Холандскиот ас веќе втора сезона настапува за Лајпциг како позајмен играч од таборот на „светците“, а откако минатото лето се водеше жестока борба за неговиот потпис управата на германскиот клуб реши овојпат целиот проблем да го реши уште во текот на сезоната.
ПСЖ инвестираше сериозна сума на пари во Кварацкелија од Наполи, а франнцускиот првак ќе ја врати речиси целата инвестиција од продажбата на Симонс, кој никогаш не доби вистинска шанса во Париз откако стигна како мегаталент од фудбалската школа на Барселона.
Германскиот весник „Билд“ тврди дека е постигнат целосен договор, Лајпциг ќе плати загарантирани 55 милиони евра за потписот на Чави Симонс, а преку неколку различни клаузули вкупната сума на трансферот може да достигне 75 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА