Џек Вилшер е нов тренер на англиски третолигаш

Поранешниот англиски репрезентативец кој во клупските настапи ги бранеше боите и на Арсенал и Вест Хем Јунајтед, Џек Вилшер го доби првиот сениорски тренерски предизвик и во продолжението од сезоната ќе го предводи англискиот третолигаш Лутон.

Вилшер по крајот на играчката кариера остана во Арсенал како тренер на У-18 тимот на „топџиите“, а беше и помошен тренер во Норвич.

Се вчитува...