Џеко блиску до враќање во Премиер-лигата

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко е блиску до враќање во Премиер-лигата. Фудбалерот на Интер во минатото беше дел од Манчестер сити, а сега за неговите услуги се заинтересирани, Евертон и Вулверхемптон, пренесуваат италијанските медиуми.

Интер е подготвен да се раздели со 36-годишниот напаѓач, како би можел во своите редови да го доведе Аргентинецот, Пауло Дибала. Капиенот на Босна и Херцеговина со Интер има договор до летото 2023 година, но бидејќи од клубот му е напоменето дека не сметаат веќе на него тој и самиот сака да го напушти „Џузепе Меаца“.

Џеко во Интер стигна минатото лето од редовите на Рома. За клубот од Милано запиша 49 настапи на кои постигна 17 голови и запиша десет асистенции.

Се вчитува...