Един Џеко петнаесетина години е голгетер од светска класа, но босанскиот напаѓач ја покажа и својата човечка големина, барајќи смирување на страстите пред вечерашниот бараж меѓу БиХ и Италија.
На теренот ќе се води беспоштедна битка, но Џеко на вчерашната прес-конференција испрати апел до домашните навивачи, со аплауз да ја поздрават италијанската химна пред натпреварот.
„Ние ќе водиме војна со италијанските фудбалери на теренот, но битката се води таму, на терен, а не надвор од него. Затоа апелирам да сме добри домаќините, кога ќе се интонира италијанската химна, да ја подравиме со аплауз. Италија бше првата репрезентација што дојде да игра кај нас по тешката војна, вечно сме благодарни на тоа. Затоа, тие заслужуваат почит“ порача Един Џеко.
Формата е минлива, но човечката класа е вечна. Един Џеко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

