Џеко ги „влече“ Мурињо и Фенербахче кон Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Фенербахче славеше со 3-4 на гостувањето против швајцарски Лугано во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите. А, убедливо најдобар поединец во тимот на Жозе Мурињо беше Един Џеко, кој во првиот сезонски натпревар постигна хет-трик.

Џеко очигледно има сериозна доверба од Мурињо, и тешко дека ќе се одлучи за преселба во сплитски Хајдук, како што најавуваат хрватските медиуми. Пред неколку денови постигна два гола на пријателски натпревар, а сега запиша хет-трик во гостинската победа во Лугано.

Џеко погоди за 1-1 во првата минута од судиското продолжение на првиот дел, потоа во 47. минута донесе 1-2, а во 63. минута стрелаше и за 2-3 за турскиот тим.

Се вчитува...