Фудбалската селекција на Босна и Херцеговина одлучи да игра пријателски меч со Русија, која поради агресијата врз Украина е суспендирана од светскиот и европски фудбал, но таа одлука не наиде на поддршка кај најголемите ѕвезди на БиХ.
Прво се спротистави Миралем Пјаниќ, кој објави дека нема да игра, а сега истото го стори и „дијамантот“ Един Џеко, кој објави дека се солидаризира со Украинците и дека е против таков меч.
Дуелот е закажан за 19 ноември, ден пред стартот на Светското првенство во Катар, во Санкт Пеѕтербург.
„Јас сум против одигрување на таков меч додека невини луѓе страдаат. Секогаш сум бил исклучиво за мир и сакам да се солидаризирам со луѓето од Украина во овие тешки моменти за нив“, рекол Џеко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

