Џеко и донесе три бода на БиХ против Сан Марино

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја задржа префектната форма во квалификациите за Светското првенство откако во третиот натпревар стигна и до третата победа совладувајќи го Сан Марино со минимални 1-0.

Херојот на Боснаците е Един Џеко, преискусниот голгетер кој ја затресе мрежата во 66. минута на асистенција на Дедиќ.

Со овој триумф Босна и Херцеговина е на добар пат да обезбеди место на собирот на најдобрите фудбалски репрезентации во САД и Канада.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...