Џеко извлече триумф за Рома против Фросиноне

Рома во последните мигови успеа да стигне до победа на гостувањето кај Фросиноне. Тимот на Еузебио ди Франческо славеше со 2-3 и освои важни три бода во трката за позициите кои водат во Лигата на шампионите. Босанскиот интернационалец Един Џеко во судиското продолжение го постигна победничкиот погодок за „волчицата“.

Фросиноне поведе во петтата минута со голот на Чиано, а Џеко и Пелегрини за две минути донесоа целосен пресврт, во 30. и во 31.минута.

Интересно беше во финишот од натпреварот. Пинамонти во 80.минута донесе ново израмнување, а Џеко беше спасителот на Рома.

Се вчитува...