Џеко кажа „ДА“ – се враќа во Италија, но нема да игра за Болоња

Един Џеко ги разреши сите дилеми околу својата следната дестинација во кариерата откако босанскиот ветеран реши да се врати назад во Калчо-лигата. Сепак, тоа нема да биде Болоња како што се најавуваше во претходните денови откако искусниот голгетер во последен момент ги откачи „болоњезите“, и тоа поради Фиорентина.

Договореното доаѓање на Пиоли за нов тренер на Фиорентина значеше и брзо активирање на пазарот, а екс-тренерот на Милан го сакаше токмуЏеко во својот тим, како идеален голгетер што би се надополнувал со Кеан.

Управата реагираше и експресно се договори, па така Босанецот во следните 48 часа по деталните лекарски прегледи ќе потпише договор со „виолетовите“ за плата од загарантирани 1,5 милиони евра, плус 300.евра што би биле бонус ако стигне до одреден број на натпревари и постигнати голови во следната сезона.

Џеко исклучително добро ја познава Серија А ако се знае дека во оваа лига има одиграно 268 средби, притоа постигнувајќи 107 погодоци. Тој настапуваше во Серија А од 2015 до 2023 година, најпрвин за Рома, а потоа и за Интер.. како што стојат работите, ветеранот на Апенинскиот полуостров и ќе ја заврши својата неверојатна кариера.

Се вчитува...