Џеко-манија во Гелзенкирхен: Шалке веќе го исплати трансферот на Босанецот

Трансферот на Един Џеко во Шалке 04 оваа зима веќе му се исплатеше на германскиот клуб и тоа не само поради головите на искусниот голгетер, туку и од финансиски причини.

Според германските медиуми Џеко веќе го исплатил својот трансфер со продажбата на дресовите со негово име.

Во рекордно време се продадени над 10 илјади дресови со што е остварена заработка до 350 илјади евра.

Босанскиот ветеран експресно ги доби симпатиите на навивачите, но останува да се види дали ќе успее да ја исполни нивната голема желба, да го врати тимот во првата лига.

Се вчитува...