Един Џеко беше главниот протагонист на победата на Интер над Фиорентина. „Нероаѕурите“ славеа со 1-3 на „Артемио Франки“ по извонредниот пресврт, а стрелец на вториот гол за гостите беше Џеко, кој уште една ја потврди својата класа.
Популарниот „дијамант“ постигна гол токму во моментот кога Симоне Инзаги имаше намера да го замени, поради што Босанецот даде интересен коментар по натпреварот.
„Сите голови ми се важни, но ако бидат вака одлучувачки, тогаш е подобро за тимот. Требаше да излезам во второто полувреме? Морам да го прашам тренерот дали нешто пиеше … Ова е победа на одличен тим, и ние сме сега уште повеќе мотивирани. Многу страдавме во првото полувреме а затоа беше заслужна Фиорентина, тим кој исто така е одличен. Тие потоа паднаа во второто полувреме, а ние бевме поконкретни, постигнавме два брзи гола и успеавме да го свртиме натпреварот“, изјави Един.
Инаку, Џеко беше заменет во 70. минута. Тој досега запиша четири гола на пет одиграни натпревари со една асистенција, и ако продолжи вака, брзо ќе го засени Ромелу Лукаку, кој беше најдобриот играч на Интер минатата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА