После неколкуте слаби изданија во Серија „А“, Интер успеа да дојде до триумф на гости кај Сасуоло. Најзаслужен за триумфот беше ветеранот Един Џеко кој ги постигна двата гола во победата од 1-2 на гостите.
Џеко во 44. минута успеа да донесе предност од 0-1. Фратези во 60. минута израмни за Сасуоло, а играчот од БИХ во 75. минута успеа повторно да погоди и да го донесе триумфот.
Ова беше петта победа на Интер во Серија „А“, а со тоа Симоне Инзаги се чини преживеа на клупата со оглед дека врза две победи по ред за неколку дена, после онаа победа над Барселона во ЛШ.
Џеко со овие два гола стигна до 100-тиот гол во Серија „А“ во неговата кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА