Напаѓачот на Рома, Един Џеко, се согласи на трансфер во Челси, информираат италијанските медиуми. Џеко, како што пренесува познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио, синоќа се согласил за преселба на „Стемфорд бриџ“, па сега остануваат само деталите кои треба да ги усогласат Челси и Рома. Антонио Конте во Лондон, во пакет, сака да го донесе и Емерсон Палмиери.
Вкупната вредност на овие трансфери би била 60 милиони евра, а „волчицата“ веднаш би инкасирала 50 милиони евра, и дополнителни 10 милиони низ бонуси.
Един Џеко, на тој начин, по две и пол години повторно би се вратил во Англија, каде од јануари 2011 година до август 2015 година го носеше дресот на Манчестер сити. Репрезентативецот на БиХ во Рома одигра вкупно 116 натпревари постигнувајќи и 61 гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА