Фудбалскиот репрезентативец на БиХ, Един Џеко повторно ќе го предводи нападот на „нероаѕурите“ на гости против Верона во 2. коло од Серија А, а Един во изјава за медиумите најави дека тој и неговите соиграчи размислуваат единствено на победа.
Џеко изјави дека се чувствува одлично во тимот од Милано, па потенцираше дека овде е дојден со цел да победува на секој натпревар.
„Мораме да продолжиме на овој начин бидејќи секој бод ни е важен. Нема да биде лесно против Верона, но Интер е шампион на Италија. Одлично го познавам тренерот на Верона Ди Франческо, но ние сме Интер и сакаме да победиме пред да заминеме на репрезентативна пауза. Се чвствувам одлично во Интер, едвај чекам нови натпревари“, истакна Џеко.
Натпреварот помеѓу Верона и Интер се игра утре на стадионот „Бентегоди“ од 20:45 часот. За потсетување, Џеко постигна гол на првиот меч за Интер во победата од 4-0 над Џенова.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА