Пласманот на Босна и Херцеговина на Светското првенство не ги направи многу среќни навивачите на Шалке, бидејќи загубија двајца, можеби клучни, играчи. Високата цена на историската победа во Зеница ја платија Един Џеко и стоперот Никола Катиќ.
Иако сезоната за Катиќ е речиси сигурно завршена поради сериозна повреда на коленото, не е познато колку долго Џеко ќе биде надвор од теренот. Двајцата го гледаа важниот триумф на Шалке над Карлсруе од трибините, а потоа „Дијамантот“ за прв пат ја објави неговата состојба.
„Искрено, не знам колку долго ќе отсуствувам. Не сакам да гледам предалеку и да кажам: две, три, четири или шест недели. Ќе видиме како ќе ми биде рамото. Не сакам да кажам дека нема да можам повторно да играм оваа сезона, но исто така не сакам да кажам дека ќе бидам подготвен за две недели. Но, ова не би бил прв пат да играм со болки, така што ниту овој пат не би бил проблем. Медицинската дијагноза вели дека можам повторно да играм за еден месец“, изјави Џеко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

