Босанскиот интернационалец Един Џеко во зимскиот преоден рок добил понуда за преселба во Реал Мадрид. Но, не ја прифатил затоа што му било напоменато дека Зинедин Зидан ќе го користи како резервна опција во навалниот ред. Џеко игра во одлична форма во редовите на Рома и не сакал да ризикува преселба на клупата, иако речиси и да нема фудбалер кој би одбил понуда за трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.
Босанецот на 28 натпревари во Серија А постигна 13 гола и реализураше две асистенции, а во Лигата на шампионите на осум меча запиша четири гола и три асистенции. Покрај Реал Мадрид, за него беше заинтересиран и Челси, но Един Џеко реши да биде верен на „волчицата“ и остана во Рим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА