Џеко официјално претставен како нов фудбалер на Фиорентина

Искусниот голгетер од Босна и Херцеговина, Един Џеко официјално се врати во Италија и во новата сезона ќе биде дел од Фиорентина со која потпиша едногодишен договор со можност истиот да биде продолжен за дополнителна сезона доколку оствари одредени цели.

Џеко во Фиорентина пристигнува од редовите на Фенербахче за кој минатата сезона постигна 21 гол на 53 одиграни средби. Со овој потег 39-годишникот воедно и се врати назад во Серија А по двегодишна пауза откако претходно во Италија настапуваше за Интер и Рома.

Се вчитува...