Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина во сред Франција успеа да ремизира (1-1) против светскиот шампион и да освои голем бод во потрагата по нов настап на Мундијалот. БиХ поведе со 1-0 со голот на Един Џеко, но Французите преку Гризман успеја да изедначат на пет минути пред крајот на првото полувреме.
По натпреварот херојот на „змејовите“, Един Џеко не го криеше задоволството од прикажаното на мечот и големиот бод.
„Сигурно пред натпревар никој не очекуваше ваков резултат. Можеби ни ние, но фудбалот е таков спорт. Се игра 90 минути, а топката е округла и се е можно. Тоа го покажавме и денеска. Мислам дека одигравме еден одличен натпревар. Во првото полувреме примивме несреќен гол, но на крајот ни се врати со црвениот картон кој го добија. Второто полувреме беше многу поразлично бидејќи доколку имаа 11 играчи на теренот, сигурно ќе беше потешко да го задржиме тој бод. Бод против Франција е големо достигнување“, изјави голгетерот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА