Голема е веројатноста Един Џеко ова лето да го напушти Интер. Фудбалерот смета дека со потписот на клубот не добил она што го очекувал, и затоа сега ќе си бара нова средина. Интер му понуди нов договор, но со далеку помала плата од сегашната, по што веројатно репрезентативецот на БИХ ќе бара нова средина.
Како главен фаворит за неговиот потпис се смета Фенербахче. Наводно неговиот менаџер веќе ги имал првите контакти со турскиот гигант за неговиот потпис. Подготвени се Турците да му понудат договор на две години и плата од 4,5 милиони евра плус бонуси, што е моментално подобра понуда од онаа Интер.
Во следните денови менаџерот на Џеко и самиот фудбалер ќе имаат и средба со челниците на Фенер, по која ќе се знае дали напаѓачот ќе ја продолжи кариерата во Турција или ќе бара друга средина. Засега пензија не е опција за напаѓачот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА