Џеко сам се понудил на Шалке: Не ми требаат пари, туку полн стадион…

Един Џеко изненади многумина со одлуката во јануарскиот преоден рок да си замине од Фиорентина и да се пресели во втората германска лига, облекувајќи го дресот на Шалке.

Босанскиот 39-годишен ветеран обелодени дека идејата за ваков трансфер ја поттикнал тој самиот бидејќи Шалке воопшто не размислувал за ангажман на Џеко додека тој самиот не продискутирал на оваа тема со репрезентативниот колега Никола Катиќ.

„Еден ден по ручекот седев сам во собата и си размислував: Што правам, што јас воопшто сакам? И одговорот сам ми се појави пред очи – сакам пак да играм пред полн стадион со гласни навивачи. Барав клуб што ќе ми ја врати страста, и одеднаш во главата ми влезе Шалке. Го земав телефонот и му пратив порака на Никола Катиќ, го прашав дали им треба напаѓач. Тој веднаш врати, ме поврза со тренерот… и работите за кратко време дојдоа на свое место. Имав на маса и далеку побогати понуда, но мене не ми требаа пари, туку полн стадион и убава атмосфера на трибините. Знаев дека Шалке е вистинското место, тоа е голем клуб што заслужува да биде дел од првата Бундес-лига, се надевам дека ќе дадам свој придонес за тоа да се случи“, изјави Един Џеко.

Се вчитува...