Един Џеко на крајот на сезоната ќе го напушти Фенербахче по две сезони поминати во турскиот клуб, објави познатиот турски инсајдер Барис Јурдувесен кој воедно го објави и новиот клуб на поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина.
Тоа е хрватскиот Хајдук Сплит каде 39-годишниот преискусен фудбалер може да му стане соиграч на македонскиот интернационалец Александар Трајковски доколку и тој го продолжи договорот.
„Нема сила која може да ги продолжи договорите на Џеко и Тадиќ. Фенербахче нема да седне ни на стол со овие двајца. Бев прв кој објавив дека Тадиќ потпиша за Ајакс, па европските медиуми ја искористија веста цитирајќи ме мене и ТРТ Спорт. Сега ви го објавувам новиот клуб на Џеко. Џеко потпиша договор за следната сезона со Хајдук, тој таму има и приватен бизнис, хотел“, објави турскиот новинар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

