Напаѓачот на Челси, Николас Џексон, отворено говореше за неговиот неуспешен трансфер во Астон Вила пред да пристигне на „Стемфорд Бриџ“.
Џексон стигна во Лондон за сума од 30 милиони фунти во 2023 година, но беше блиску да го следи својот поранешен шеф Унаи Емери од Виљареал во Астон Вила.
„Кога Унаи замина, сакаше да одам во Астон Вила, но јас бев повреден. Сакав да заминам и повторно да играм за Емери со кого соработував во Виљареал. Бев пред потпис, но ситна повреда на тетивата. Отидовме таму, проверија и рекоа дека ми треба уште еден месец да се опоравам, а тие ме сакаат сега. Мораа да го откажат трансферот. Бев лут, но тоа дополнително ме мотивираше. Кога се вратив во Виљареал по повредата постигнав 12 гола за два месеци. На крајот заврши во Челси и моментално сум среќен“, изјави Џексон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

