Џексон Мартинез, некогаш беше „ѕвер“ во Порто, сега ќе игра за Портимоненсе

Подзаборавениот колумбиски напаѓач Џексон Мартинез се врати во првенството на Португалија. Тивко, без многу помпа, како што некогаш се креваше поради неговите голови во дресот на Порто. Тогаш беше најдобар фудбалер во лигата и замина во Атлетико Мадрид, а оттаму во 2016 година направи огромен трансфер во Кина, вреден 42 милиони евра. Потпиша за Гвангжу Евергранде, но таму почна неговата агонија.

Голем број повреди го спречија да ги покаже своите вистински квалитети, по што тој беше отпуштен. Сега се враќа во Португалија, но не е веќе „ѕвер“, туку само истрошен играч кој ќе игра во дресот на Портимоненсе. Тоа е клуб кој ќе се бори за опстанок во елитното португалско фудбалско друштво.

Се вчитува...