Џексон му кажа „ДА“ на Баерн Минхен

Баерн Минхен е на добар пат конечно да доведе нов голгетер кој би бил резерва за Хари Кејн, откако баварскиот гигант имаше успешни преговори со Никлас Џексон.

Голгетерот на Челси е на излезна врата од „Стемфорд бриџ“ откако „сините“ летово ги доведоа Делап и Жоао Педро, а Џексон во меѓувреме доби неколку интересни понуди од Премиер-лигата. Сепак, откако Баерн се вклучи во преговорите сенегалскиот интернационалец целосно му даде приоритет на баварскиот гигант, за денеска и официјално да ја прифати понудата да му се приклучи на овој клуб.

Баерн веќе почна преговори со Челси, а првата понуда се однесува на позајмица на една година, без клаузула за задолжителен откуп. „Сините“ се уште немаат одговорено на понудата, но јасно е дека Џексон не е дел од плановите на Енцо Мареска, па раководството на Челси нема многу простор за маневар на помалку од една седмица до крајот на преодниот рок.

Се вчитува...