Баерн Минхен плати огромни 16,5 милиони евра само за да го добие Никлас Џексон на позајмица од Челси, најскапа позајмица во историјата на светскиот фудбал, и тоа откако управата на Баерн со години се жали за ненормалното трошење на пари од страна ан гигантите ширум Европа.
Баерн одби да плати над 60 милиони евра за Волтемаде од Штутгарт кој потоа заврши за 85 милиони евра во Њукасл, но Ули Хенес е дециден дека баварците не згрешиле што не го довеле младинскиот репрезентативец на „Алијанц Арена“ за толкава сума. Воедно, Хенес, кој нема официјална функција но се уште е вклучен во најважните одлуки на баварскиот гигант, обелодени и дека Никлас Џексон самиот се откажал од три милиони евра за да дојде во Баерн.
„Волтемаде не вреди 85 милиони евра и јас стојам зад тоа. Њукасл потроши толку пари само затоа што има газди од Саудиска Арабија, ние никогаш нема да сториме такво нешто. Се зборува монгу за Џексон, но ние не плативме 16,5 милиони, туку 13,5 милиони евра. Самиот Џексон и неговиот агент се согласија да покријат три милиони од вкупната сума за да дојдат во Баерн“, изјави Хенес.
Во договорот за позајмица има и клаузула за задолжителен откуп ако се исполни одреден услов, он Хенес обелодени зошто тоа нема никогаш да се случи.
„Условот е Џексон да биде стартер натпревари за Баерн сезонава, ви гарантирам дека тоа нема да се случи. Ние нема да го откупиме од Челси следното лето“, дециден е Ули Хенес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

