„Џелатот“ Тијаго Мота – Му направи исеченица за паметење (фото + видео)

ПСЖ вчера забележа три бода против Анжер пред своја публика за 26. победа во француското првенство. Со двата гола на Мбапе, „светците“ триумфираа рутинирано, но работата воопшто не им ја олесни Тијаго Мота.

Искусниот играч за врска мораше да го напушти теренот по само 16 минути, откако заработи директен црвен картон по катастрофалиот фаул што го направи врз играч на гостите. Во обид да го пресече патот на топката, Мота го згазна дефанзивецот Томас на горниот дел од телото и му остави исеченица. Главниот арбитар сосема заслужено го исклучи Бразилецот со италиански пасош.

 

Се вчитува...