Сосема неочекувано, капитенот Џелил Абдула го напушти Гостивар по несогласувањата со сопственикот Енес Уста.
Искусниот 32-годишен дефанзивец кој беше еден од најдобрите фудбалери на тимот минатата сезона издвојувајќи се како еден од лидерите најзаслужен за успешната пролет на гостиварци. Сепак, несогласувањата со сопственикот само уште еднаш ги потенцираат проблемите кои играчите и стручниот штаб, не така ретко, го имаат со раководството на клубот.
Абдула, претходно во својата кариера успешно настпуваше и за Шкендија како и за екипите на Шкупи и Ренова.
Гостивар новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, исто така неочекувано, ќе ја игра во Скопје. Сопственикот го пресели клубот во главниот град, а во Гостивар како домашен терен во новата сезона ќе игра новиот прволигаш Беса од Добридол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА