Џенова и Сампдорија ремизираа, Пандев остана на клупата

Џенова и Сампдорија одиграа 1-1 во градската дерби пресметка на „Луиџи Ферарис“. Македонскиот интернационалец Горан Пандев остана на клупата за резерви и не доби шанса за настап.

Сампдорија поведе со голот на ветеранот Фабио Квалјарела во осмата минута. Џенова не чекаше многу за израмнување. Во 17.минута беше досуден пенал за домашниот тим, а го реализираше Кжиштоф Пјатек. До крајот, и двете екипи повеќе внимаваа на својата мрежа, па на крајот поделија по еден бод.

Се вчитува...