Џенова го доживеа вториот пораз сезонава во 4. коло од Серија А. Тимот на Горан Пандев загуби со 3-1 на гостувањето кај Калјари.
Домаќините поведоа со голот на Џовани Симеоне во 46. минута. Куате во 83. минута израмни на 1-1, а само минута подоцна Запата со автогол донесе ново водство за домаќините. Конечните 3-1 ги постави Жоао Педро во 88. минута.
Капитенот на македонската репрезентација во игра влезе во 74. минута од средбата. Џенова по 4 одиграни натпревари е на 12. место во италијанскиот шампионат со 4 освоени бода.
Standings provided by Sofascore LiveScore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

