Извршниот директор на Џенова, Андрес Бласкез потврди дека клубот е на продажба. Сегашните сопственици, американската инвестициска група 777 Партнерс, го презедоа клубот во 2021 година, кога беше во Серија Б. Веќе следната сезона Џенова се врати во Серија А.
Бласкез ги смири навивачите велејќи дека финансиската стабилност не е доведена во прашање , но не ја исклучи можноста да има голема продажба на играчи во зимскиот преоден рок.
Во моментов Џенова под водство на Алберто Џилардино е на 17. место во Серија А, блиску до зоната за испаѓање. Клубот е најстар во Италија, основан во 1893 година, а девет пати бил шампион на Италија, последен пат во 1924 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА