Поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, призна дека би се вратил во својот поранешен клуб во секое време и на која било улога. Пред години, тој рече дека сонувал еден ден да го води својот сакан клуб. Минатиот месец, среде постојаните шпекулации дека Арне Слот би можел да биде отпуштен по серијата лоши резултати, се појавија шпекулации дека на Стиви Џи би можел да му биде понудена шанса да ја преземе функцијата на привремена основа до крајот на сезоната.
Сепак, Англичанецот инсистираше дека сака Слот да ги среди сите проблеми и да ја задржи својата работа, без разлика на неговата желба да биде тренер на „црвените“.
„Ќе бидам брутално искрен. Би му помогнал на Ливерпул во секој аспект, во секој момент. Би им помогнал во сè. Но, не сакам Арне Слот да ја изгуби работата. Сакам тој да ги реши проблемите, да ги сврти работите и да го направи Ливерпул голем. Скокав низ целиот град кога Ливерпул ја освои титулата пред четири или пет месеци. Јас сум навивач на Ливерпул. Сакам најдоброто за клубот. Но, ако Ливерпул има потреба од мене во која било област, кога и да ми требам, ќе бидам тука“, изјави Џерард за „Ливерпул Ехо“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

