Менаџерот на Глазгов ренџерс, Стивен Џерард верува дека македонскиот претставник Шкупи ќе направи се за на утрешниот реванш натпревар од 1. квалификациско коло за ЛЕ да стигне до изненадување.
Џерард на прес-конференцијата во Скопје потенцираше дека секогаш во Македонија им е тешко на противниците, без разлика дали се работи за клупски или репрезентативен фудбал. Но, неговиот тим знае како да ја зачува предност од 2-0 од првиот натпревар…
„Чест ми е што сум во Македонија, каде знам дека секогаш домашните екипи играат одличен фудбал. Благодарен сум на домаќините и на одличниот прием кој го имаме тука“ – рече Џерард, и дополни:
„Ќе биде еден цврс меч во кој верувам дека Шкупи ќе нападне од првата минута посакувајќи да дојде до изненадување. Ние имаме добра предност која мислам ќе успееме да ја сочуваме. Подготвени за овој натпревар, а дали ќе има измени или не во составот ќе се знае непосредно пред натпреварот“.
Шкупи и Глазгов ренџерс играат утре од 18 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА